Вирусот што ја зафаќа Европа, Африка и Блискиот Исток и се стравува дека е најголемата нова закана за јавното здравје, Кримско-конгонската хеморагична треска (CCHF) избувна во Ирак и Намибија, а смртни случаи досега се пријавени во Шпанија. Експертите стравуваат дека е на дофат на Велика Британија. Поради ова, тие издадоа итно здравствено предупредување во таа земја, се стравува дека на ширењето на вирусот дополнително ќе влијаат климатските промени.
Болеста се шири сод крлежи, предизвикана од наировирусот и, според Светската здравствена организација (СЗО), има стапка на смртност меѓу 10 и 40 проценти. Џејмс Вуд, шеф на ветеринарниот оддел на Универзитетот во Кембриџ, рече дека CCHF може да го најде својот пат до ОК со помош на крлежи. Постои страв дека болеста забрзано се шири, потпомогната од климатските промени. Најистакнатите симптоми на вирусот се главоболки, висока температура, болки во грбот и зглобовите, абдоминална болка и повраќање. Често се појавуваат и црвени очи, црвенило на лицето, црвено грло и црвени дамки, т.н. петехии, на непцето.
Како што болеста напредува, може да се забележат големи модринки, сериозно крварење од носот и неконтролирано крварење на местата на каснување, а овие симптоми започнуваат околу четвртиот ден од болеста и траат околу две недели. Во досега потврдените случаи на инфекција со CCHF, стапките на смртност кај хоспитализираните пациенти се движеа од девет проценти до дури 50 проценти. Долгорочните ефекти на CCHF инфекцијата не се доволно добро проучени кај преживеаните за да се утврди дали постојат специфични компликации. Сепак, веќе е јасно дека закрепнувањето оди бавно.
Според СЗО, преносот од човек на човек може да се случи преку крвта, секретите и другите телесни течности на заразените лица.
Она што загрижува е фактот што во моментов нема достапна вакцина ниту за луѓето, ниту за животните заразени со оваа болест. CCHF се пренесува на луѓето преку каснување од крлеж или контакт со заразена животинска крв или ткиво веднаш по колењето.
Домаќините на овој вирус вклучуваат широк спектар на диви и домашни животни како говеда, овци и кози.