Цистерна полна со нафтени деривати пред малку се преврте кај Неготино. Возачот на цистерната не е повреден – вели за 1ТВ негов колега во телефонски разговор. Додава дека најверојатно причината е замор на возачот бидејќи на пат кон Грција тргнал вчера во 7 часот наутро, таму чекал да се наполни цистерната и веднаш тргнал кон Скопје.
Возачот со кој разговараше 1ТВ вели дека имаат наредба од раководството да возат без одморот кој е предвиден со закон. Одговор побараа и кај надлежно лице во компанијата. Одговорниот со кој беше стапено во контакт кусо рече дека не може да разговара вечерва и дека во текот на утрешниот ден ќе одговори на нашите прашања.
Извор: 1ТВ