Пејачката Лепа Брена ги разнежни фановите кога на социјалните мрежи сподели фотографии досега невидени во јавноста од нејзината приватна архива.
Станува збор за фотографии на кои е нејзината мајка Ифета Јахиќ која почина во 2014 година, а пејачката се присети вчера на нејзиниот роденден, па преку фотографии ги присети фановите на нејзината младост.
-Ми недостасуваш, те сакам. Среќен роденден, напиша Брена.
Инаку Брена од секогаш говорела дека нејзината мајка е значајна фигура во нејзиниот живот, а и има посветено и посебен албум со севдалинки кои најмногу ги сакаше таа.