Еден ресторан во Токио од вчера започна да нуди хамбургер од 800 евра како дел од прославата за доаѓањето на новиот цар на почеток на месец мај.
Хамбургерот е тежок три килограми. Се состои од деликатесна паштета, говедски и црн тартуф, а на горниот дел има златна прашина.
“Сакаме да го прославиме доаѓањето на новиот цар и новата ера во Јапонија”, рекол шефот на кујната во ресторанот, Патрик Шимада, Американец со јапонско потекло.
Хамбургерот, кој е наречен златен џиновски бургер, чини 100.000 јени или 800 евра и ќе биде на менито до крајот на јуни.
Јапонија долго време забрануваше консумирање месо, но таа забрана ја укина царот Меиди во 1872 година, а од крајот на Втората светска војна хамбургерите се прават и продаваат во Јапонија.
Јапонскиот цар Акихито ќе абдицира на 30 април 2019 година, што ќе биде првото доброволно напуштање на престолот после два века.
Ден подоцна принцот Нарухито ќе биде крунисан и со тоа ќе започне новата ера. Акихито кој има 83 години изразил желба да абдицира поради здравјето и годините.
Нова ера во Јапонија
Новата јапонска империјална ера ќе започне на 1 мај кога принцот Нарухито ќе стане цар и ќе биде позната под името “Reiva”, соопштено е вчера во Токио.
Како што наведува BBC, владеењето на секој нов јапонски цар добива име кое во западниот календар служи да ја означи годината во Јапонија. Името “Reiva” означува ред и хармонија.
Во модерната историја на Јапонија, постојат само четири ери и нивните називи стануваат значајни за секојдневниот живот во Јапонија, новото име на ерата ќе се појави на монетите, возачките дозволи и во службената комуникација.