Еден од моментално најуспешните српски актери Милош Биковиќ ги насмеа своите милиони следбеници на Инстаграм објавувајќи фотографија од плажа.
Немаше да има ништо спорно овде, доколку Биковиќ не лежеше на фотографијата целосно облечен и покриен со сако, додека се околу него е пусто.
Во хумористичен опис на фотографијата, тој објасни како и под кои околности е направена.
Кога ќе ги затворите очите на минута и ќе се разбудите на плажа, не знаете каде сте – пауза за ручек на снимањето на „Сакам маж““, напиша актерот кој ни покажа дека животот на актерите е тежок.
Иако Биковиќ поголемиот дел од времето го поминува во Русија, каде што е една од најголемите актерски ѕвезди, тој деновиве е во Белград каде го промовира филмот „Сакам маж“, кој од 24 март ќе започне со кино дистрибуција низ регионот.
Зад овој авторски проект стои екипаta на хит-комедијата „Слуга“, која е најгледаниот руски филм на сите времиња, а во која главната улога ја имаше и Биковиќ, а продукцијата, Пик медиа и Старт продукција. Покрај него, во новата љубовна комедија ќе ги видиме и Кристина Асмус, Марина Александрова, Сергеј Гилев, Јулија Ауг, Сергеј Комаров и други.