Се разликуваат само во храброста – познатата турска актерка е двојничка на Пријовиќ (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Турската актерка Мине Килиџ секојдневно ја гледаме на малите екрани во Македонија како еден лик од позната турска серија.

Актерката многумина ја споредуваат со пејачката Александра Пријовиќ поради изгледот со кој си наликуваат една на друга.

Двете наликуваат во делот на истакнатите очи, насмевка и образи, додека заштитен знак им е долгата црна коса.

Инаку, малиот Александар кој во домот на Живојиновиќ пристигна пред два месеци, внесе посебна радост во животот на пејачката Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ, а сега Прија како што најблиските ја нарекуваат во интервју за „Стори“ открила дека планираат и проширување на семејството.

Секако дека нема да застанеме на едно дете, јас сум единец и секогаш сум зборувала дека еден ден кога ќе пораснам сакам да имам големо семејство затоа што знам колку е тешко кога немаш брат или сестра, рекла пејачката и додала дека второто дете сака да биде девојче.

Би сакала да имам ќерка, но знаеш како се вели – само да е живо и здраво. Кога останав бремена, ми беше сеедно, а и Александар е многу добар и сладок како шеќер. Така што се надевам дека следното ќе биде ќерка, би сакала да имам син и ќерка, открила Пријовиќ.

Пејачката се породи пред само 60 дена, а на витката фигура која ја има веќе и завидуваат многу жени. Таа истакнала дека успеала да ослабе после породувањето со помош на посебен режим на исхрана.

Пред неколку дена Александра прв пат го оставила синот на подолг временски период, односно со бабите, затоа што со сопругот била гостинкана една свадба. Меѓутоа, признала дека не можела во целост да се опушти и дека нон-стоп била на телефонот.

Секако дека нон- стоп проверував, низ насмевка прокоментирала пејачката која наскоро се враќа на музичката сцена со два нови сингла и видеа.