Фолк пејачката Елена Велевска периодов не може да „крене глава“ од актуелноста во домашните медиуми. Секако, сигурно и годи кога е застапена во врска со музичката кариера, но кога и работата е во прашање, периодов Елена беше бојкотирана за турнејата во Австралија поради изјавата во бугарски медиум дека песните „Јовано Јованке“ и „Кажи, кажи облаче ле бело“ се бугарски. И тоа не е сè!
Таман помисливме дека се смирија турбуленциите во бракот откако изјави дека си дадоа втора шанса со сопругот, во емисијата „Ексклузив“ на 1ТВ осамна прилог дека Велевска не само што повеќе не е со сопругот кој си заминал во Австралија, туку и дека има нова љубов.
Но, да почнеме со ред. Пред извесен период кога ја прашаа за бракот, таа јавно изјави:
“Не се покајав што му дадов втора шанса на сопругот, работиме на бракот, децата се во нашиот фокус на вниманието и сметам дека успеавме да ги надминеме сите проблеми. Јас по природа сум голем хуманист, им помагам на сите, затоа и сакав да му помогнам на мојот брак и да го спасам и мислам дека ја донесов вистинската одлука” – изјави фолкерката и додаде дека во животот е многу тешко истовремено да бидеш и успешна на сите животни полиња.
Во месец февруари, Елена се врати од двомесечната турнеја низ САД. Фолкерката ја имаше една од најуспешните концертни турнеји што некој македонски изведувач воопшто ги направил надвор. Настапи во повеќе градови каде што живеат нашите иселеници – Македонци и воопшто иселеници од целиот регион.
Сега, како што известуваат од „Ексклузив“, Елена наводно по јавните најави за семејните скандали и разводот, а потоа и простувањето и помирувањето со сопругот – си нашла нова љубов.
Според објавениот прилог, токму на американската турнеја нејзиното срце било освоено од обожавател со кој им се случила љубов на прв поглед, а потоа и подарил ружи. Па така, од обожавател, мистериозниот богат Американец со македонско потекло кој наводно имал три фабрики, станал новата љубов во животот на Велевска.
Засега пејачката не се огласила по ваквите шпекулации, но доколку се навратиме малку наназад, нејзините објави во описот на фотографиите кои ги поставуваше на социјалните мрежи, како да беа знак дека на бракот со Марјан, сепак стави точка.
„Од животот остануваат само децата и спомените“ – а овој опис како да не беше случаен.
Потоа следеше и коментарот „Слободата нема цена“ – што дополнително ги подгреа дилемите!?
Така „загреани“, дилемите некако почнуваат да се одмрсуваат, а каков расплет ќе имаат истите, останува да видиме што следно има да открие пејачка – демант, потврда или воздржаност од наводните приказни за новата љубов во нејзиниот живот.
Превземено од: Вистина.мк