Се разведуваат Северина и Игор, причината е позната српска водителка

ИЗВОРСкопје24
|

Северина Којиќ се разведува од сопругот Игор Коијиќ, после три ипол години брак,, објави српскиот „Балкан прес“.

Всушност, разводот бил причината поради која српската снаа не се појавила на концертот на нејзиниот свекор Драган Којиќ Ќеба.

„Јована и Жељко Јоксминовиќ биле поканети на слава кај Ќеба. Меѓутоа, кога Северина слушнала за тоа, таа направила хаос. Се заканила дека ќе зборува лошо за водителка пред сите гости и ќе замине во Загреб. Таа всушност била навредена бидејќи Јована во својата емисија на една новинарка и’поставила прашања за тоа каква мајка е Северина. Северина се нашла навредена и никој не можел да докаже дека водителката немала зла намера со прашањето“, открива изворот и додава дека Ќеба испаднал колатерална штета.

Кеба веднаш ја откажал посетата на парот Јоксимовиќ, бидејќи морал да застане на страната на својата снаа. Но, и покрај тоа, Северина не била задоволна. Ги собрала своите работи и се вратила во Загреб. Меѓутоа, ветила дека ќе дојде на концертот, каде што требало и да настапува. На концертот ја чекал и нејзиниот сопруг, а таа дури околу 22 часот му кажала дека не доаѓа.

„Тој беше шокиран, но и Ќеба и организаторите. Покрај повредата на целото семејство, таа се покажа како исклучително непрофесионална. По концертот, еден од роднините на Којиќ дури искоментирал: На Игор еден брак му е како ниеден“, вели вели соговорникот за „Балкан прес“, посочувајќи дека Северина со ова испраќа сигнал до Игор дека нивниот брак е завршен.

Тие и претходно имаа несогласувања, но Северина го почитуваше семејството на Игор. Сепак, сега е речиси сигурно дека е крај.