Се роди Каран: Најпосакуваната двојка во Турција доби син

ИЗВОРСкопје24
|

Турските медиуми јавија дека еден од најпопуларните турски актери, Бурак Озџивит и неговата сопруга Фахрие Евџен, вчера станаа родители.

Фехрие, или позната по улогата на Неџла, се породи во 13:30 часот. Бебето се вика Каран.

-Таткото присуствувал на породувањето и не можел да ги сокрие солзите, пипуваат медиумите.

Малиот Каран е тежок 3.670 грама, а долг 52 сантиметри.

Актерката се породи порано од предвидениот термин кој бил на 20-ти април.