Се сеќава цел регион на неа: Вака денес изгледа пејачката која и ја донесе првата и последна победа на Евровизија на Југославија (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Некогашната претставничка на Евровизија од 1989-та година која воедно е и победничка истата година Емилија Кокиќ со групата „Рива“ и ја донесе првата и единствена победа на Југославија.

Со песната „Rock Me Baby“, Југославија доминираше во Европа, а по победата таа беше миленичка на народот ширум целиот регион.

Оваа песна и ден денаска е многу слушана и често се свири на екс-ју свирките и концертите, а со тоа постојано ја буди носталгичноста кај сите постари екс-југословени, кои сеуште мечтаат за времето во кое сите бевме едно.

Емилија денес има 50 години и се појави како гостинка во второто полуфинале на Беовизија каде ја испеа победничката песна од пред 30-тина години.

Погледнете како таа изгледа денеска:

Мора да признаеме таа сеуште изгледа одлично и не се променила многу во изминативе 30-тина години, се чини времето за неа застанало.