Се сеќавате ли на Кончитa Вурст од Евровизија? Контроверзната пејачка го промени имиџот

ИЗВОРНов Лист
|

Австриската пејачка Кончита Вурст победи на Евровизија во 2014 година со песната „Rise lika a phoenix“.

Таа на сцената се појави со брада и во прекрасен фустан. За оваа точка се зборува со денови, бидејќи станува збор за личност која се облекува како жена и е родена како маж. Пејачката сега го промени имиџот и носи кратка фризура кога не е на сцената.

За своите настапи таа и понатаму сака да носи перика и да го истакнува лицето со шминка. Таа на своите социјални мрежи истакнува дека е уметник и објавува различни фотографии. На некои е јасно дека има долга коса, односно перика, додека на други е кратка. Таа на фотографиите од настапот носи и штикли и фустани.

Инаку, зад Кончита стои човек по име Томас Нојвирт, кој приватно се облекува многу лежерно. Како Кончита се појави и во неколку шоуа за таленти, а по победата на Евровизија, пејачката носеше и ревии на Жан Пол Готје и Карл Лагерфелд.