Се што имате замислено ќе ви се оствари, но плановите ќе ви се сменат – Дневен Хороскоп

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе постојат многу непријатни разговори во кои вие ќе ја истакнете вашата агресивност. Ќе се појават искрени можности некој ваш пријател да ве повика на гости во странство. Ќе се надевате на поголема заработувачка од сегашната.

Бик (21.04 – 21.05)

Можно е да постојат мали несогласувања со семејството. Околностите, луѓето и случувањата се повеќе ќе ве наведуваат на тоа дека треба да поработите на својот професионален развој и стручно усовршување. Не сте перфекционист по природа, но ќе ги побарате сите информации кои би можеле да ви помогнат.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Се што имате замислено во текот на денот ќе ви се оствари, но плановите за вечерва ќе ви се сменат целосно. Ако забележите дека работите излегуваат од контрола, подобро е да ги откажете обврските и да си дадете малку одмор. Организирате изненадување за вашиот партнер, одамна не сте го направиле тоа.

Рак (22.06 – 22.07)

Сакате денес да имате помалку работа и вашите обврски да им ги префрлите на колегите кои бурно ќе реагираат на тоа. Не манипулирајте и не ги лажете луѓето кои всушност финансиски ве обезбедуваат. Некој Бик и Јарец јасно ќе ви посочат дека повеќе нема да постои меѓусебна толеранција. Внимавајте, овој ден носи неповолни вести за вас.

Лав (23.07 – 22.08)

Работата е стабилна, но можни се и некои помали грешки, кога е бракот во парашање може да има проблеми, бидејќи не сте во најдобри односи со партнерот. Малата плата ве демотивира максимално, и се повеќе се трудите што помалку да работите.

Девица (23.08 – 22.09)

Денес нема да има граници за вас – ќе постигнете се што ќе наумите. На работа сите ќе посакаат да го земат вашиот пример, обидете се да останете такви до крајот на работното време. Некој Бик е отворен за деловна соработка со вас, внимавајте тој ја сака сигурноста, не сака детски работи.

Вага (23.09 – 22.10)

Не се нервирајте поради мали недоразбирања. Ќе успеете да ги средите, само ако останете мирни и реагирате мудро. Не се обидувајте да ја завршите целата работа за еден ден. Најважно е дека работите и не го губите времето на празни приказни.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Обидете се да ги завршите вашите важни обврски до ручек. Како што ќе минува денот така вашата енергија ќе опаѓа, а настаните ќе бидат променливи при што може да дојде до промена на вашите првични планови. Прифатете ја состојбата мирно. Следи период на стабилизација.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Во некоја чудна ситуација ќе западнете уште од рано сабајле. Потрудете се да останете мирни и да реагирате брзо. Не дозволувајте да ве убедуваат да купувате нешто за кое немате потреба. Семејството ќе ви помогне да надминете некои проблеми.

Јарец (22.12 – 20.01)

Не се грижете премногу за нешто што е во фаза на средување, особено не ако станува збор за некој Лав или Овен. Некој ќе ви понуди помош, која за вас ќе биде добредојдена. Добро се сложувате со Јарецот кој ви поттикнува големи амбиции и ви помага финансиски.

Водолија (21.01 – 19.02)

Очекувате некој со кој сте работеле дека е подготвен да ви понуди некаков вид на соработка. Можни се поголеми добивки од блиските лица. Ако ви се јават некој Лав или Вага, дадете им прилика да ги претстават нивните планови, особено ако со нив сте имале пријатно искуство. Играјте некоја игра на среќа.

Риби (20.02 – 20.03)

Некоја блиска личност ќе ви се налути бидејќи во последниот период буквално не сте се ни сетиле на неа. Одделете време за неа, таа го заслужува вашето внимание. Не ги потценувајте лицата кои не се согласуваат со вашите ставови. Секој има свои замисли, фантазии и сфаќања и секој се бори за сопствената среќа.