Се случи и тоа: Се ожени Леонардо Дикаприо

ИЗВОРновлист
|

Kamila Morone, млада манекенка и актерка успеа во тоа што на многубројните убавици не им успеа пред неа.

Светските медиуми пишуваат дека актерот Леонардо Дикаприо се заколнал на вечна љубов со 22-годишната ѕвезда и тоа ден пред церемонијата на одржувањето на Оскарите кој се одржа на 10 февруари оваа година.

Според пишувањето на „ОК“, Леонардо потрошил пари во вредност од 4 милиони долари на тајната свадба. Предбрачен договор не постоел.

Ова е прв брак за Леонардо. Двојката е заедно од 2017 година, но ретко се појавуваат во јавноста заедно.

Камила само еднаш зборуваше за негативните коментари за нејзината врска со Леонардо.

-„Леонардо е заинтересиран само за твоето тело. Вашата врска ќе заврши кога ќе наполниш 25 години“ – коментираа луѓето.

Причината за нивната тајна венчавка наводно е бременост, a дека свечената церемонија се случила на приватен остров на Бахамите.

„Се обидуваа веста да остане тајна, но сепак одлучија да прослават со неколку колеги. Беше многу, многу забавно, имаше смеење, прегратки, но и солзи радосници“, раскажува анонимен извор за холивудските медиуми, кој додава дека и двајцата се среќни што ќе станат родители.