Се снима филм за Одри Хепберн: Руни Мара како холивудската икона

ИЗВОРНов Лист
|

Познатиот режисер Лука Гваданињо, режисер на хитот „Call me by your name“ снима биографски филм за една од најголемите и најубавите актерки во светот – Одри Хепберн. За насловната улога е избрана актерката Руни Мара, која ќе биде и еден од продуцентите. Засега не се откриени детали, но проектот беше поддржан од Apple Studios, додека сценариото го потпишува Мајкл Митник

Одри Хепберн (1929-1993) беше англиска актерка, модел и хуманитарен активист која остана запаметена по улогите во култни филмови како што се „Појадок кај Тифани“, „Празник во Рим“, Оскар за најдобра главна женска улога и наградата Тони.

Нејзината улога во „Сабрина“ и донесе номинација за Оскар и награда БАФТА за најдобра женска улога. Хепберн го доби и „EGOT статусот“, бидејќи ги доби наградите Еми, Греми, Оскар, и Тони.