Серијата, според првите критики ќе го прикаже оригиналното создавање на „Lord of the rings“. Серијата на Амазон која ќе претставува преднастанувањето на трилогијата „Господар на прстените“, според сите најави изгледа дека ќе биде најскапата ТВ серија на сите времиња.
маркетинг
Деталите околу серијата која сè уште го нема добиено својот наслов, полека почнаа да се објавуваат. Една од информациите е дека дејствието ќе биде сместено во Средната земја.
Ова нема да биде римејк или нова верзија од приказната која досега сме ја виделе во споменатата филмска франшиза. Она што е извесно е тоа што ќе станува збор за досега најскапата ТВ серија, затоа што на Амазон ги чинело само 250 милиони долари да ги откупат правата на екранизација, а додека заврши продукцијата на првата сезона за неа ќе бидат потрошени околу една милијарда долари, ако не и повеќе. Треба да се земе предвид и фактот дека овој стриминг гигант се обврзал најмалку на пет сезони.
Деталите поврзани за снимањето се чуваат во строга тајност, но некои ситници се откриени на фановите. Па така благодарение на мапата на серијата, која на почетокот на февруари Амазнон ја објави на Твитер, знаеме дека дејствието ќе се довива во текот на Вториот период од Средната земја.
Тоа го опфаќа периодот од околу три и пол илјади години кога Валар му помагаше на Моргота во Празнина, а завршува со победата на Изилдур над Саурон. Амазон сите мапи ги испрати со стиховите од „One ring to rule them all“ поемата, што сугерира на тоа што серијата би можела барем во еден дел да го прикаже создавањето на Прстенот на моќта.
Не е невозможно во серијата да видиме и некои од веќе постоечките ликови.
„Гандалф е стар повеќе од седум илјади години така што не е невозможно да се појави“ – изјавил тој за Би-би-си.
Режисерот на филмовите Питер Џексон неодамна за „Empire“ изјавил дека дефинитивно нема да има никаква врска со серијата, но не престануваат гласините дека всушност ќе има врска.
Засега не е откриен ниту датумот за тоа кога може да се очекува премиерата на “Господар на прстените“ серијата, но се укажува на тоа дека ќе излезе во текот на 2021-та година.