Се снима вториот дел од Џокер – Хоакин Феникс ја повторува улогата на Артур Флек, која му донесе Оскар(ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Режисерот Тод Филипс на социјалните мрежи објави дека снима уште еден дел од „Џокер“. Хоакин Феникс веќе почна да го чита сценариото за продолжението на филмот.

Официјално е објавено дека Хоакин Феникс ќе се врати како Артур Флек во продолжението на филмскиот хит „Џокер“ на Тод Филипс, кој освои Оскар во 2019 година. Филипс го напиша сценариото за вториот дел на „Џокер“ со Скот Силвер. А на социјалните мрежи беше објавена насловната страница на сценариото.

Првиот „Џокер“ од 2019 година е сатирична приказна за човек кој не е симпатичен и не е некој кој предизвикува емпатија. Тој е негативецот од стрипови и филмовите за Бетмен. Првично комичар и кловн, тој станува силеџија подготвен да го уништи целиот Готам.

По големиот успех кај публиката и критичарите, филмот заработи повеќе од милијарда долари. Дури 12 номинации за Оскар – за најдобар филм, режисер, најдобро адаптирано сценарио… Хоакин Феникс доби Оскар за најдобра машка улога, а Хилдир Гвиднадутир за авторска музика.

Иако Филипс не даде детали за новиот „Џокер“, се верува дека, според дел од сценариото, се работи за приказна за Џокерот и Харли Квин, која претходно ја глумеше Марго Роби.

Да потсетиме, „Џокер“ пристигна во кината во 2019 година и заработи повеќе од милијарда долари на глобално ниво, поради што влезе во историјата како филм за луѓе над 18 години со најголема заработка во кината.