Се прави со мерки се по 4, вкусно е и брзо. Десерт за сите сетила, највкусни палачинки кои сите ги сакаме.
СОСТОЈКИ: 4 јајца 400 гр. брашно 4 дл. млеко 4 дл. кисела вода 4 лажици масло 1 лажиче ванилин шеќер малку сол
ПОДГОТОВКА: Се матат јајцата со жица и се додава половина брашно, па се соединува се убаво. Се додава и другата половина од брашното и млеко, малку сол и шеќер, па масло и се соединува. На крај оди киселата вода. Се остава смесата еден час во ладилник. Се подмачкува тава со масло, се печат палачинки.
Добар апетит!