Се создаде голем расцеп во земјата по серијата земјотреси (ВИДЕО)

|

Силниот тектонски потрес со јачина од 7,1 степен што во петокот ја погоди американската сојузна држава Калифорнија, само еден ден откако истото подрачје беше погодено од земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтер, предизвикал расцеп во зоната на Малото езеро во долината Индиан Велс.

Сателитските снимки направени од компанијата „Планет лабс“ и фотографиите коишто на социјалните мрежи ги споделуваат жители на Калифорнија, покажуваат видлива пукнатина во пустината и на автопатот 178.

Станува збор за вториот силен потрес кој го погоди тоа подрачје за 48 часа. Епицентарот на потресот беше во близина на градот Риџкрест, околу 240 километри североисточно од Лос Анџелес.

Во тој град забележана е поголема материјална штета, а неколку лица се повредени. Луѓето во паника бегале на улиците, оштетени се куќите, зградите и јавните установи.

„Земјотресот беше десетпати посилен од оној ден претходно“, изјавија сеизмолозите.

Непосредната штета веднаш беше видлива, но она што ги изненади сите е променетиот изглед на тоа подрачје, пренесува „Си-ен-ен“.

На снимките се гледа состојбата пред и по земјотресот. Едната фотографија е снимена на 4. а втората на 6. јули. Пукнатината на втората слика, која на првата ја нема, се протега од подрачјето на кео претходно наводно било вода до спротивниот агол на фотографијата.