Се судриле две возила, па удриле уште три паркирани – две лица се повредени

|

На 28.05.2023 во 03:20 часот било пријавено дека во Битола, на бул.„1 Мај“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила со битолски регистарски ознаки, и тоа „опел“, управуван од А.Ј.(26) и „рено“, управувано од З.Р.(47) двајцата од Битола, при што удриле во три паркирани патнички возила – „хјундаи“ и „пежо“ сопственост на Н.П.(52) од Битола и „хјундаи“ сопственост на Ј.К.(43) од Битола, сите со битолски регистарски ознаки.

Во несреќата, возачот А.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, додека Е.П.(41) од Битола, сопатничка во возилото „опел“, се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.