Се трага по 15-годишник од Скопје

|

На 16.03.2022 во Полициската станица Центар било пријавено дека од Јавна установа за згрижување деца се оддалечил нивниот штитеник Ч.С.(15) од Скопје, кој и претходно се оддалечувал од установата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Исто така, 14 дена веќе и по баба Рада која излегла од домот во Волково и се упатила во непознат правец.

Семејство упатува апел секој кој ќе ја види да ја информира полицијата или да ги контактира нив.

Нејзини фотографии се споделуваат и на социјалните мрежи.