Се трага по четворичата патници во авионот Цесна кој исчезна од радар кај Слуњ, Хрватска

|

Припадниците на Хрватската планинска служба тргнале во потрага по авионот „цесна“ кој исчезна од радарот на поширокото подрачје на Слуњ.

Тамошните медиуми објавуваат дека во спортскиот авион имало четворица патници, кои биле Унгарци, а од Сплит полетале кон Германија.

Во моментов на терен се припадници на хрватското МВР, на планинската спасувачка служба и беспилотни летала.

Карловачката полиција извести дека дојавата за исчезнувањето на авионот од радарот пристигнала во 11.25 часот.

Веднаш по пријавата, во потрагата на теренот се вклучиле и 34 полицајци, како и 28 припадници на хрватската планинска спасувачка служба.