Се укинува задолжителното носење маски на аеродромите и летовите во Европа

|

По отстранувањето на мерките протв заразната болест кај нас, и низ Европа полека се случува истото.

Така, носењето маски повеќе нема да биде задолжително на аеродромите и летовите во Европа, објавија денеска Европската агенција за воздухопловна безбедност (EASA) и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).

Како што наведоа, новите препораки ќе стапат на сила на 16 мај, пренесува Ројтерс.

„Од следната недела, маските за лице повеќе нема да мора да бидат задолжителни во авионите, што во голема мера е во согласност со променливите барања на националните власти ширум Европа за јавниот превоз“, рече извршниот директор на EASA, Патрик Ки, но и покрај укинувањето на правилото, маските за лице остануваат „една од најдобрите заштитни средства“ од болеста, се додава во соопштението.

Сепак, по укинувањето на правилото од страна на EASA и ECDC, поединечните авиокомпании ќе продолжат да ги применуваат своите барања.