Се укинуваат ли дел од рестрикциите – Што вели Комисијата за заразни болести

|

Состојбата со панде*ијата во земјава се подобрува драстично. Ако остане стабилна не се исклучува можноста да се изземат некои од постојните рестриктивни мерки, но за ова дополнително ќе се дискутира на состанокот на Комисијата кој најверојатно ќе се одржи во среда, објави „Слободен печат“.

Ќе следува и затворање на неколку центри со позитивни пациенти на интерните клиники во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а меѓу првите најверојатно ќе биде оној на Клиниката за кардиологија.

Во последната статистика на Институтот за јавно здравје, од направени 2.560 тестови, регистрирани се 378 нови случаи од кои најголемиот број во Скопје, каде има 178. Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 58 реинфекции, додека бројот на оздравени пациенти е 432. Бројот на активни случаи во државата изнесува 4172.