Сè уште не го пребродил поразот – Лукас на концертот зборуваше за Констракта

ИЗВОРНов Лист
|

Аца Лукас синоќа одржа концерт во Шабац.

Публиката ја воодушеви со старите хитови, но и со новата песна „Оскар“ со која се натпреваруваше, а пред да ја отпее ја спомена Ана Ѓуриќ, Констракта:

– „Umetnica mora biti zdrava, ali umetnik ne“ – рече Аца и ја испеа својата песна.

Да потсетиме, Лукас по учеството на Евровизија поднесе тужба против Драган Бујошевиќ, главниот уредник на РТС, Оливера Ковачевиќ, уредничката на забавната програма и уште петмина членови на жирито поради тврдењето дека натпреварот бил наместен.