Се уште не е се во ред: Марина Туцаковиќ проговори искрено за својата животна борба

ИЗВОРСкопје24
|

Марина Туцаковиќ, која водеше битка болеста на денешницата, откри дека закрепнува и уредно прима терапија, но дека оптимизмот никогаш не ѝ недостигал.

Се уште не е се во ред, под терапија сум, а прогнозите ги знае само оној горе. Ми недостига малку повеќе да се движам, малку повеќе да излегувам, но навикнав секогаш нешто да ми фали, така што во ред е, може и вака – рекла Марина и признала што ја одржало во најтешките моменти во борбата со страшната болест.

Многу е тешко. Сите оние кои велат дека треба да се бориш во тие моменти не знаат дека тогаш не знаеш каде ти е главата, а каде задникот. Оставаш работите да одат по својот тек, им се препушташ на докторите и судбината и секако не размислуваш за најлошото – рекла таа.

Пред некое време, кога Марина ги доби добрите резултати од анализите во јавноста се јави нејзина пријателка која ги опиша нејзините најлоши денови и како ја држела надежта на високо ниво.

-Кога ги доби резултатите и сфати дека малигните ќелии се повлечени, Малина занеме од среќа. За тоа секако се заслужни третманите, специјалната исхрана, многу алтернативни методи на кои се препушти, меѓутоа, марина сепак верува дека се му должи на Бога, бидејќи една нејзина блиска пријателка со месеци одеше во манастир во Белград.

-Оставаше дарови на иконите и фреските, а молеше дури седум свештеници на секоја литургија да се молат за здравјето на Марина. Тие тоа го прифатија бидејќи важи за манастир кој на секому излегува во пресрет. И самата Марина оди на литургија, но не редовно, бидејќи се уште е слаба, веројатно ќе оди само да зајакне. Сигурна е дека Бог и помогна и сега знае дека вербата е најдобриот лек за се.

Сите кои патат од некоја болест им препорачува покрај лечењето да се свртат кон црквата. Благодарна е на пријателката неизмерно, бидејќи таа и го всадила односот кон религијата и ја уберина дека не смее да губи надеж, заклучува изворот за „Скандал“.