Се верија Дарко и Барбара – Таа го покажа прстенот од бело злато

|

Дарко Лазиќ се вери со својата девојка Барбара Бобак по осум месеци врска. Среќната вест Барбара ја сподели на својот Инстаграм профил каде се пофали со свршеничкиот прстен.

Таа сподели видео на кое се гледа прстен од бело злато украсен со камења, а Лазиќ и лежи во скутот во позадина. Таа го снимила вереничкиот прстен и го прашала Дарко: „Зошто никој не верува дека сме свршени?“.

Дарко неодамна во интервју потврди дека венчавката со Барбара е закажана за мај и дека ќе биде организирана по традиционални обичаи.

– Ако се биде како што треба, на крајот на мај ќе се оженам за Барбара, се е веќе закажано! Го избравме тој термин бидејќи ќе биде убаво време и ќе може да се слави на отворено. Веселбата ќе биде во текот на неделата, бидејќи ние пејачите работиме за викенди – вели фолкерот и додава дека нивната венчавка ќе трае два дена:

– Искрено, цел живот барав жена која ќе ги почитува моите необични обичаи за празниците и конечно ја најдов. Првиот ден ќе славиме во ресторанот, а следниот ден во шатор. Ма има се да се тресе, еднаш се жени Дарко Лазиќ. Извини, двапати – рече пејачот за Република.рс