Со предлог-законот за измени на Законот за празниците кој денеска ќе се разгледува на собраниската Комисија за политички систем, се планира воведување на уште 10 нови празници.
Неработни денови ќе има за припадниците на словенечката заедница, унгарската заедница, полската заедница, египќанската заедница, хрватската заедница, црногорската заедница, ерменската заедница, бугарската заедница, грчката заедница и руската заедница.
8 февруари, празник за припадниците на словенечката заедница, 15 март, празник за припадниците на унгарската заедница, 3 мај, празник за припадниците на полската заедница, 24 јуни, празник за припадниците на египќанската заедница, 25 јуни, празник за припадниците на хрватската заедница, 13 јули, празник за припадниците на црногорската заедница, 21 септември, празник за припадниците на ерменската заедница, 22 септември, празник за припадниците на бугарската заедница, 28 октомври, празник за припадниците на грчката заедница и 4 ноември, празник за припадниците на руската заедница.
Инаку, следен неработен оваа година ни е на 2 Август (петок), Ден на Републиката, што значи дека ќе почекаме за празник. Ова се неработните денови до крајот на годината:
За сите граѓани на РМ: 02 август (петок), Ден на Републиката, 08 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден, 11 октомври (петок), Ден на народното востание, 23 октомври (среда), Ден на Македонската Револуционерна Борба и 08 декември (недела), „Св. Климент Охридски“ односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.
За граѓаните од православна вероисповед: 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). За граѓаните од католичка вероисповед: 01 ноември (петок), Празникот на сите светци и 25 декември (среда), првиот ден на Божик. За граѓаните од муслиманска вероисповед: 11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 ноември (петок), Ден на Албанската азбука. За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ: 09 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ: 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.