Се враќал од Грција, а на 50 километри од границата, нешто му се случило за што тој упатил предупредување за сите

ИЗВОРСкопје24
|

На српската Фејсбук група „Live from Greece“ З.Д. напишал статус предупредувајќи ги сите туристи од Србија кои се враќаат од летување од Грција.

Имено, како што тој опиша во неговиот статус, автомобилот со бугарските таблици се обидел да го застане на 50 километри од границата и да го ограби. Ви го пренесуваме статусот да видите за што се работи:

„Поздрав на сите… денес со план влегов во групата поради едно известување-предупредување!!!На враќање од Грција на некои 50 километри од граница наидов на BMW 3 бугарски таблици кое се обиде да ме застане како да му е нешто потребно… Читав претходно за тоа и не верував дека ми се случи… Немојте да застанувате…. тие се откажаа по две претекнувања и се вратија…“, напиша З.Д.

Сѐ е поголем бројот на граѓани кои на пат за Грција стануваат жртви на разбојници кои ограбуваат или мамат продавајќи лажно злато. Овие модерни „бандити“ главно се романски или бугарски државјани, а туристите движатна патот Солун-Евзони, како и на автопатот накај Аспровалта.

Додека наивниот турист кој го застануваат се обидува да помогне и да го реши проблемот на „несреќниот патник“, другата екипа оди до возилото кое го оставил туристот и му ја земаат торбата, новчаникот, телефонот и сѐ што оставил незаштитено-затоа бидете претпазливи на патување.

Дека ваквите случувања не се навистина реткост кај јужниот сосед говори и информацијата за ограбен македонски таксист на автопат во Грција. Возачот на реномираната такси комапнија Цагер од Битола се враќал од Солун, кога бил застанат од странско возило од каде разбојник со пи*тол му ги одзел парите.

– Вчера, наше возило се враќаше од Солун Аеродром, на автопатот од Солун – Воден, возејќи, возило бел мерцедес (со странски, не грчки таблици), упорно скоро 2 км му блендираше на нашиот шоферот. Шоферот по упорноста на странецот, застана, по него застана и мерцедесот, излезе шоферот на мерцедесот, дојде до нашиот шофер, и на англиски му кажа дека е од Турција, дека има во него 2000 денари, а му требаат евра (да му размени нашиот шофер). Нашиот шофер имаше само 25 евра и останатите беа денари, му даде 25 евра, и се свртил да побара уште 500 денари за да му доплати. Во тој момент странецот му извади пи*тол и му го впери во глава, му ги зеде сите пари од новчаникот, а новчаникот му го фрли в кола…..Му ги зеде клучевите и му ги фрли в трева(позади жичена ограда), и веднаш избега.

Грчката полиција се погоди тука на местото, за некои 5-10 минути, да се расправа со нашиот шофер зошто е тука застанат! Кога им објасна на полицијата што е како е, го зедоа во полиција за изјава, и кажаа дека во Грција НИКАДЕ НЕМОЈТЕ ДА ЗАСТАНУВАТЕ, и на патот лежат за да ограбуваат !!!!, предупредуваат од такси компанијата Цагер.