Се запали зграда во Тетово, неколку станари завршиле во болница

|

Вчера, во 20.20 часот, во СВР Тетово е пријавено дека во станбена зграда на улицата Илинденска – блок 87 во Тетово настанал пожар на катна табла од електричната инсталација. Со интервенција на тетовската територијална противпожарна единица пожарот бил изгаснат, а поради вдишување чад на неколку станари им била укажана лекарска помош во Клиничката болница Тетово.

Увид извршила екипа од СВР Тетово и се работи н случајот.