Се запалија канцелариите на ЈП Улици и патишта

|

Во текот на минатата ноќ, бараките на ЈП Улици и патишта Скопје изгореа во пожар, а целата документација на претпријатието е уништена, објави „МКД“.

Во моментов, пожарот уште не е целосно изгаснат и на терен се возила на Пожарната бригада на Град Скопје.

За среќа, нема чевечки штети, ниту пов редени, бидејќи пожарот ја опфатил бараката во текот на ноќта, кога во неа немало никого.

Причините за пожарот засега не се познати.