Шпанскиот „Хело“ во новиот број ексклузивно ја носи веста дека Рафаел Надал се жени. Шпанскиот тенисер и неговата вереница Марија Франциска Перељо ќе се венчаат на есен на Мајорка и тоа ќе биде венчавка на годината.
Се вериле во мај минатата година, а се до сега плановите ги држеа во тајност. Тениската ѕвезда во интервју наговести дека планира да се ожени и дека планира деца.
-Би сакал да имам деца и тие самите да ја одберат својата професија.
Овој пар спаѓа во најстабилните парови на светската спортска сцена. Во неколку наврати видовме дека семејството Надал ја обожува идната снаа.
Убавата Марија го следеше Надал на Австралија опен во Мелбурн каде беше поразен до Новак Ѓоковиќ.