Се зголеми лимитот за плаќање во кеш од 500 на 3.000 евра

ИЗВОРnovlist.mk
|

Во јуни лимитот за плаќање во кеш се намали од 1.000 на 500 евра, но сега на 27 декември повторно прагот е зголемен од 500 на 3.000 евра.

(„Службен весник на Република Македонија“ број 120/18), во член 182 по ставот (2) се додава нов став (3) кој гласи: „(3) Со влегувањето во сила на овој закон забраната за плаќање со готовина на стоки и услуги од членот 48 од овој закон, ќе се однесува на готовински плаќања, во износ од 3.000 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги“, се вели во законските измени.
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
А овие законски измени ги предложиле група пратеници Ејуп Алими, Реџаиљ Исмаили, Агим Шаќири, Александар Филиповски, Агим Муртезанов и Мирослав Јованов. За измените гласале 54 пратеници, немало против и воздржани.

Токму намалувањето на прагот за плаќање во готовина беше еден од клучните владини адути во борбата против сивата економија.
Таа сума првично беше 15 илјади евра, па власта во неколку наврати ја намалуваше, прво на 2.000, па на 1.000 и во јуни годинава на само 500 евра.

Со Предлог на законот за изменување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам ќе се зголеми износот за плаќање со готовина на стоки и услуги во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги, велат предлчагачите.