|
Жртвите на осомничениот убиец Урош Б.(21), кој уби осум лица во село кај Младеновац, биле брат и сестра, а како се случило за „Блиц“ раскажал нивниот дедо.
„Тие седеа таму и разговараа, а тој им пријде и ги застрела од ведро небо. Ми ги убил внукот и внуката“, изјавил за „Блиц“ дедото на убиениот полицаец.
Покрај двајцата, младиот човек убил уште шест лица, ранил уште 14 лица, а потоа побегнал.
Нешто пред полноќ полицијата ја започна акцијата „Вител“, а српските медиуми јавуваат дека полицијата објави дека тој е утрово уапсен кај Крагуевац.
„Ни кажаа дека биле застрелани, кога отидовме таму, тие беа мртви, покриени. Се собраа луѓето, почнаа да плачат“, рекол уништениот дедо.