Седеле во ресторан, па настанал неред – ова е моментот кога започнало невремето во Грција

ИЗВОРСкопје24
|

Најмалку 7 лица, меѓу кои и две деца, настрадале во силното невреме на грчкиот полуостров Халкидики.

На интернет се појавија многу снимки од бурата, најсилна во изминативе неколку години.

На едно видео се гледа како се започнало. Ветерот почнува да носи се пред себе, додека вработените од ресторанот се обидуваат да се засолнат.

После тоа снемува електрична енергија , а ветерот ги носи масите и столиците додека вработените и гостите немо набљудуваат.

Погледнете:

Денеска на Халкидики се очекува максимална дневна температура од 24 Целзиусови степени и наместа облачно време кое ќе се задржи сè до недела, кога се предвидуваат дождови со појава на грмотевици.

Нестабилното време се очекува да трае до среда, по што конечно се предвидува подобрување на времето и сончев период.

Остатокот од овој месец ќе биде сончев и топол, а идеалното време ќе продолжи и во август, кога максималните температури дури на крајот од месецот ќе опаднат од 29 на 24 Целзиусови степени.

Меѓутоа, доколку во било кој случај се најдете во епицентар на вакво невреме, имајте ги на ум следните совети кои можат да ви го спасат животот:

– Не тргнувајте на пат доколку се најавува временска непогода. Штом слушнете грмотевици, влезете во затворен простор. Пронајдете безбедно место, на пример во купатило.

– Не го заборавајте правилото “30 секунди”. Штом забележите молња, започнете да броите до 30. Доколку чуете удар од гром пред истекот од 30 секунди, веднаш влезете во затворен простор. Не излегувајте пред половина час од последниот удар од гром.

– Доколку се затекнете на отворено, седете на тлото и трудете се површината на вашето тело што помалку да ја допира земјата. Избегнувајте бетонски подови и ѕидови – молњата може да патува и низ метални кабли. Доколку се најдете во ресторан, седете што подалеку од прозорците.

– Во екот на невремето, не тргнувајте кон вашето сместување – засолнете се на некое место бидејќи силните ветрови можат да откорнат дрво кое може да ве повреди.