Шеф Марк од „Брза кујна“ славеше роденден, ќе погодите ли колку години наполни?

|

Добро познатото телевизиско лице Шеф Марк од Брза кујна деновиве имаше убав повод за славење па бројни честитки пристигнаа на негова адреса. Имено, тој го прослави својот роденден, а на „Фесјбук“ сподели дел и од роденденската атмосфера…

Но тука е и роденденската торта, како и свеќичките на неа кои откриваат дека Марк наполни 52 години.

Според верувањата, пред да се дувнат свеќичките славеникот треба да си замисли желба, а дали ова правило го исполнил Марк не знаеме, но сигурно си поминал убаво и роденденски.

Останува да почекаме шефовите од „Брза кујна“ со полна енергија да се вратат на ТВ екраните и повторно да подготвуваат разни јадења кои можеби и вас ќе ве инспирираат и ќе се најдат на вашата трпеза.