Сега се познати и славни, но погледнете какви биле како деца актерите од „Ќерките на Фазилет“ (ВИДЕО)

|

Турската серија „Ќерките на Фазилет“ е една од поновите драми, а премиерното прикажување во Турција беше во месец март 2017 година. Необичната приказна и желба за богат живот преовладува кај Фазилет или актерката Хазан Кесал која сака и нејзините ќерки да заборават на сиромаштијата во која живеат.

Затоа, Фазилет својата нападна амбиција ја носи до богатото семејство Егемен кои имаат козметичка компанија. Отако едната од ќерките ќе стане заштитно лице, а другата ќе се омажи со сопственикот кој може да и биде татко, почнува заплетот.

На интернет каналот Јујуб има доста интересни снимки кои ги објавуваат фановите на серијата, а во продолжение погледнете една таква каде актерите ќе ги видите како изгледале како мали и тинејџери.

Бунтовната Хазан, злобната Јасемин и психички нестабилната Нил на една маса без интриги и лудата Фазилет, во исто друштво и во прекрасно расположение. Иако на гледачите на популарната турска серија „Ќерките на Фазилет“ оваа комбинација им звучи невозможно, во приватниот живот на актерките таа реалност.

Дениз Бајсел, Хазал Туресан и Тугба Мелис Турк со парнерите на роденденска забава кај заеднички пријател. Актерките приватно се дружат и се во супер односи иако во серијата се лути непријателки.

Улога која ја игра Хазан е повлечена девојка која сиромаштијата и лошиот живот ја тераат само да ја зачува својата чест, онаа на мајка си и семејството.

Инаку, Дениз е родена 1991 година, а од своја 10 годишна возраст оваа турска убавица е на театарската сцена во Измир.

Таа исто така досега работела и како учителка по глума, а со актерство почнала сериозно да се занимава откако нејзината професорка ја натерала на тоа.

Во ноември 2018 година таа се свршува со својот избраник Барис Јутчу кој е пејач во турската група „Колпа“.

Нивната свадба ќе се случи претстојното лето, а вака изгледаа на свршувачката кога ги разменија прстените.