Сека Алексиќ покажа како си игра нејзиниот син, а „хејтерите“ ја нападнаа: Пејачката со една реченица им ја затвори устата

|

Сека Алексиќ објави видео на кое се гледа како нејзиниот син Јаков се игра, а поради еден детаљ доби многу негативни коментари.

Имено, пејачката покажа како нејзиниот син се игра со играчка – пиштол, а  тоа ги изнервира корисниците на социјалните мрежи кои не престанаа да коментираат.

Пејачката не можеше да молчи на негативните критики, па веднаш им врати на „хејтерите“.

„Ајде овие што мислат дека е најдобро, за себе нека си ги чуваат негативните коментари“ напиша Сека.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

За потсетување, Сека и нејзиниот сопруг Вељко наскоро ќе станат родители по вторпат, односно ќе добијат син за кого го одбраа името Исак.