Сека Алексиќ станува мајка по втор пат: Пејачката започнала процес на вештачко оплодување

ИЗВОРСкопје24
|

Сека Алексиќ повторно сака да стане мајка, па затоа фолк пејачката и нејзиниот сопруг Вељко Пајиќ неодамна го започнале процесот на вештачко оплодување, пренесуваат српските медиуми.

Според тврдењата на изворот, пејачката сака повторно да се обиде да биде мајка.

„Сека нема ништо против вештачко оплодување. Напротив. Со задоволство зборува за тоа, дури ги советува и другите жени никогаш да не се откажат , туку да дадат се од себе и да го пронајдат вистинскиот лекар кој ќе им помогне да се реалзират како родители. Сека првпат успеа бидејќи го слушаше докторот, но како што тврди доста и помогна молитвата“ вели изворот.

Алексиќ е подготвена и по вторпат да оди на вештачко оплодување.

„Сека ги направи сите потребни прегледи. Се е во ред и сега чека да се заврши процесот на вештачко оплодување. Таа би сакала да добие девојче, а она што и е најважно детето да биде живо и здраво“ вели изворот.

По овие пишувања, Сека не била достапна за коментар.