Пејачкатa Сека Алексиќ со години е активна на социјалните мрежи, а денес со своите обожаватели сподели нешто што предизвика многу коментари.
Имено, Сека Алексиќ го снимила секое ќоше од нејзината огромна гардероба која, изгледа, никогаш не била поголема.
Фолк ѕвездата е позната како некој што дава големи суми за облека и обувки, а на радост на многу жени кои ја следат ги снимила сите детали.
Таа покажала и како во овие соби се крие нејзиниот син Јован, што ја воодушевило, додека го следела да види што прави.
Сека со недели е на ригорозна диета.
– Решив да се претворам во лижавче, како што рече една жена. Моето тело нема да биде поголемо од мојата глава. Отсега главата ќе ми биде поголема од телото – изјави неодамна Алексиќ.
– Мојот најголем проблем е што сум готвачка, домаќинка, која готви и меси, а потоа едноставно во еден момент претерав. Но, тоа често ми се случува – истакнува пејачката.