Сека Алексиќ ја покажа детската соба која изгледа магично

ИЗВОРновлист
|

Сека Алексиќ по вторпат се најде во улога на мајка. Таа пред еден месец го роди синот на кој му го дадоа името Јован. Популарната пејачка признава дека во нејзиниот дом е вистински хаос откако го роди вториот син.

Сека е многу посветена мајка, а тоа го забележуваме од нејзиниот Инстаграм профил. Таа е често активна на социјалните мрежи, па секојдневно гледаме видеа и фотографии од нејзиниот живот.

Овојпат, Сека им покажа на своите обожаватели како изгледа детската соба на нејзиниот син.

Како што можете да видите од фотографиите во собата претежно доминира сина боја. Собата е полна со плишени играчки, додека целиот еден ѕид е украсен со позадина насликана со животни.

На една од фотографиите можете да го видите синот Јован кој ужива во специјална лулка.