Поранешниот НБА кошаркар, а воедно и кошаркарска легенда, Шекил О’Нил, од секогаш бил голем фан на музиката и играњето.
О’Нил од секогаш беше познат по неговите специфични „денс“ перформанси на теренот и надвор од него, а од неодамна тоj пофесионално почна да се занимава со диџејство. Неговото уметничкото име е Ди-џеј Дизел, а неодамна настапи на плажата Зрче во Хрватска, во рамки на фестивалот Пау-Уау и повторно докажа дека е мултиталент.
Тој веќе има сериозна агенада а наскоро ќе настапи на Хард Самер Фестивалот во Лос Анџелес, Електрик Зу во Њујорк, како и на Лолапалуз во Чикаго. Во Хрватска дојде од Белгија каде што беше дел од Тумороуленд.
Шекил Рашан О’Нил е роден на 6 март 1972 година – познат како „Шек“ е американски поранешен кошаркар кој во моментов работи како аналитичар на телевизискиот програм Inside the NBA.
Со висина 2.16 метри и тежина 147 килограми, тој е еден од најтешките играчи кои играле во НБА. Низ неговата 18 годишна кариера, О’Нил ги користеше големината и снагата за да ги совладува противниците за поени и скокови. По пензионирањето на Линдзи Хантер на 05.03.2010, О’Нил стана најстариот активен играч во НБА.
Подоцна, по кариерата во државниот универзитет Луизијана, О’Нил беше повикан од Орландо Меџик со првото бирање во 1992 НБА драфт. Тој наскоро стана еден од главните во лигата, освојувајќи Руки на годината во 1992-93 и потоа го водеше неговиот тим до 1995 НБА финалето. После 4 години со Меџик, О’Нил потпиша како слободен играч со Лос Анџелес Лакерс. Тој освои три последователни првенства, играјќи заедно со Коби Брајант во 2000, 2001 и 2002 година. Односот помеѓу О’Нил и Брајант прерасна во непријателство, што доведе до трансфер на О’Нил во Мајами Хит во 2004 година. Тој го освои четвртото НБА првенство во 2006 година, но после година и 6 месеци беше продаден на средината на сезоната на Феникс Санс. После сезона и пол со Санс, О’Нил беше продаден на Кливленд Кавалерс, каде што играше заедно со ЛеБрон Џејмс во 2009-10 година.
Индивидуалните награди на Шекил вклучуваат: во 1999-00 награда за највреден играч, во 1992-93 награда за Руки на годината, и во 15 Ол Стар селекции, 3 пати највреден играч во Ол Стар, највреден играч во 3 финалиња, 2 поентирачки титули, 14 во НБА-тим селекцијата и 3 во НБА-Одбранбен Тим. Тој е еден од три играчи кои освоил НБА највреден играч, Ол Стар најдобар играч и 3 во финалиња најдобар играч во истата година (2000). Другите играчи се Вилис Ред во 1970 година и Мајкл Џордан во 1996 и 1998 година. Тој се пласираше на 5 –тото место најдобар поентер на сите времиња, 6 –ти во поени од поле, 14 –ти во скокови и 7-ми во блокирања.
Покрај неговата кошаркарска кариера, О’Нил издаде 4 рап албуми, со неговиот прв, Шек Дизел доби платина. Тој исто така се појави во некои филмови и започна забавни емисии, Големиот предизвик на Шек и Шек Вс.