Српската пејачката Теа Таировиќ навикнавме да ја гледаме потполно дотерана и нашминкана, но сега таа реши да го покаже своето вистинско природно лице, без трошка шминка па предизвика лавина од коментари.
Таа го фотографираше своето лице од неколку агли, сосема лежерно, а многумина заклучија дека премногу шминка воопшто не и прилега, односно дека во вакво природно издание изгледа многу поубаво.
Таировиќ за само неколку минути предизвика лавина реакции, додека еден од заклучоците беше дека вака изгледа многу помладолика и тоа е она што треба да го негува.
„Толку си слатка, како мало девојче“, „Многу си убава“, „Лицето ти е совршено без шминка“, „Непотребно е да се нагласи колку си убава“, „Сликите кажуваат повеќе од 1000 зборови“, ,,Не знаев дека вака изгледаш без шминка“, се само дел од комплиментите кои таа ги прифатила со насмевка.