Понекогаш тајната за чисти бели алишта не се крие во скапите средства од познатите произведувачи, туку во едноставните народни средства и препарати кои се користат со децении.
Еден од таквите начини е избелување на облеката со помош на калиум перманганат. Пробајте, ќе бидете изненадени со резултатот.
1.За почеток набавете од аптека најобичен калиум перманганат (хиперманган).
2.Ставете 200 г детергент за перење алишта и промешајте.
3.Ставете ги мокрите алишта во овој раствор. Одозгора покријте со кеса или фолија и оставете да се киснат алиштата околу 4-5 часови (или преку цела ноќ).
4.Потоа, алиштата исцедете ги, ставете ги во машина за перење, и исперете ги на вообичаен начин.
5.По потреба повторете ја постапката
Како добар избелувач, некои жени користат и прашок за печиво. Потребно е да го ставите пред перењето заедно со детергентот во истата преграда од машината.