Не е лесно да се достигне состојба на мир, љубов и благост. За да се стигне дотаму, потребно е секојдневен труд и работа за да се променат навиките и мислите со кои сме живееле толку долго. Прекрасно е кога тој процес ќе започне во младоста, но секогаш е вистнското време за тоа, не постојат грешки, толку едноставно кога сме помлади имаме помалку наталожено ѓубре во животот и кое ја спречува душата слободно да излезе на површина и да го постигне својот полн потенцијал.
Секој кој доживеал момент на промена на свесноста го започнал патот кон просветлувањето. Тоа не е нешто коешто од нас ќе направи мајстори и експерти за добар живот, но во моментот кога ќе почнеме да одиме по тој пат, нема веќе назад, затоа што иако често не е лесно, сепак ја гледаме убавината на самото патување.
Секој кој доживеал длабоко страдање дошол до можноста да излезе од темнината, но не секогаш успева од прва. Тоа не ја намалува нивната вредност, затоа што секој живее во склад со својата мисија и темпото на развој на душата.
Секој е таму каде што треба да биде, никој не е за жалење, затоа што секој морам сам да го создаде она што го живее и сѐ е онака како што треба да биде.
Тоа не значи дека не треба да се преземаат дејства и да станеме статични, напротив, треба во себе да бидеме мирни и да веруваме дека сме сакани и имаме поддршка во секој момент од нашето постоење.
Затоа, нурнете во своите длабочини и живејте, сакајте!