Секој хороскопски знак има скриен талент: Кој е вашиот?

ИЗВОРНов Лист
|

Според астрологијата, секој од знаците има скриен талент и одредени вештини со кои може да изненади. Дознајте кои се вашите според зодијакот:

ОВЕН – танцување

Можеби мислите дека Овенот е премногу сериозен знак и дека работата му е секогаш на првото место, но тој е прилично талентиран за танц. Има изострено чувство за такт и ритам и обожава забави до раните утрински часови во кои се танцува.

БИК – цртање

Или подобро кажано – скицирање. Бикот е изненадувачки добар во скицирање со молив или јаглен. Има прилично добра меморија и естетика, па дури цртежот и да не е најпрецизен, сепак е доволно добар за окото на еден аматер.

БЛИЗНАЦИ – пишување текстови

Ќе се изненадите колку многу креативност се крие во Близнаците, особено кога станува збор за римувани стихови. Во речиси секој од нив се крие талентиран текстописец, бидејќи Близнаците навистина умеат со зборови.

РАК – глума

Никој не очекува дека ранлива и сензитивна душа како Ракот може да биде талентирана за глума, нели? Сепак, тоа е она што ги прави неодоливи на сцената. Токму таа ранливост ги прави исклучително добри глумци, а неретко ги употребуваат овие скриени таленти да се извлечат од непријатни ситуации во секојдневието.

ЛАВ – готвење

Бикот можеби е најголемиот гурман, но Лавот е рамо до рамо со него, со таа разлика што тој воедно ужива во подготовка на храната. Внимателно ги бира состојките, тие треба секогаш да се свежи и првокласни. Лавот е исклучително добар готвач кој сака да готви за семејството и пријателите.

ДЕВИЦА – креативно пишување

Во секоја Девица се крие талентиран автор. Доколку „запне“ и седне да пишува, Девицата би можела да напише роман за една недела. Проблемот е во тоа што е преголем перфекционист и смета дека тоа што го пишува не е доволно добро.

ВАГА – логички задачи

За сите оние навидум здодевни, логички задачи кои бараат решенија најдобро е да имате Вага до себе. Таа ќе го најде решение за помалку од минутка. Едноставно нивниот ум е скроен лесно да ги решава ваквите задачи и уживаат во тоа.

ШКОРПИЈА – тајно следење и шпионирање

Шкорпијата е вистинскиот Шерлок Холмс во зодијакот. Таа има неверојатно изострено око за детали, одлична меморија и ум за поврзување на лица, случки и настани. Доколку се сомневате дека некој ве изневерува, доволно е да ѝ напомнете на Шкорпијата – ќе ја открие вистината за помалку од 24 часа.

СТРЕЛЕЦ – новинарство

Ова не доаѓа како преголемо изненадување, Стрелецот сака да истражува, има авантуристички дух и отворен ум, па новинарството „му лежи“ како професија. Отворени и комуникативни, тие лесно ќе го натераат очевидецот да ја раскаже својата приказна.

ЈАРЕЦ – пеење и музика

Тешко е да се замисли сериозниот Јарец во улогата на пејач, нели? Но, караокето е една од омилените активности на Јарецот, особено после пијалак или два. Имаат зачудувачки пријатен и мелодичен глас, а и ќе се изненадите од нивниот музички вкус, прилично квалитетен.

ВОДОЛИЈА – фотографирање

Вистински естети, Водолиите го бараат убавото во нештата, дури и навидум кога нема ништо привлечно. Прилично многу се разбираат и од технологијата, па дефинитивно ќе изберат соодветна опрема за фоткање и едитирање на совршена фотографија.

РИБИ – сликање

Да, Рибите се особено талентирани за слики на платно. Имаат огромна имагинација и не им е потребно да видат нешто за да го насликаат – тоа веќе постои во нивниот ум. Креативни се, прецизни и имаат многу трпение. Немојте да се изненадите доколку ви подарат совршено убава слика за домот.