Актерката Селена Гомез, која со својот изглед, филмови и музика освои многу срца ширум светот, овој пат на доделувањето на „SAG Awards“ направи необична работа.
Имено, убавата актерка, која требаше да и ја додели наградата за најдобра споредна женска улога на помладата колешка Аријана Дебос, за улогата во филмот „West Side Story“, се соблече пред да излезе на сцената и ги остави црните лакирани салонки настрана.
Бидејќи доделувањето на наградата се пренесуваше во живо низ светот, босата изведба на Селена не можеше да помине незабележана, па сите беа зачудени зошто актерката го направи тоа.
Сепак, Селена се сопна преку тепихот во чевлите со високи потпетици, што добро ја објаснува одлуката овојпат да излезе боса на сцената и со тоа многу елегантно да спречи евентуален гаф.