Семејството Џамбазови повторно се собра. Сестрата на Игор Џамбазов, Тања се врати од САД каде што живее и работи.
Се чини дека семејството се обидува максимално да го искористи времето додека се заедно и уживаат со пријателите.
На социјалните мрежи споделија заедничка фотографија:
Актерот и шоумен Игор Џамбазов во последно време е особено актуелен на социјалните мрежи. Обајавува фотографии од неговото секојдневие, спомени од минатото кои обожавателите со радост чекаат да ги видат, но единствен е и по коментарите кои знае да ги даде за актуелна тема на нашите простори.
Во низата ретро фотографии се најде свадбата на неговите родители, композиторот и диригент Александар Џамбазов и неговата мајка, бардот на нашето глумиште – Анче Џамбазова.
Повеќето од неговите следбеници искажаа почит за племенитите уметници, а на Игор му порачаа дека е ист на татка си Александар.
Во неколку интервјуа во домашните медиуми Игор има изјавено дека љубовта на Анче и Александар била голема, трпелива и раскошна.
Имено, кога маестро Александар ја запросил Анче од нејзиниот татко, легендарниот Прличко, тој на идниот зет му рекол дека Анче досега ја проселе важни луѓе како амбасадори и конзури, па не ја давал за музичар.
Во една прилика таткото на Игор по загубата на неговата сакана Анче има изјавено:
-Кога си отиде Анче и јас отидов, тука сум само онака, кажа во една прилика маестро Џамбазов.