Во пожар синоќа до темел изгоре куќата на семејството Атанасовски во општина Кисела Вода. Обезбедено е привремено сместување за сопственикот Тони Атанасовски, а од општината најавуваат помош за повторна изградба на куќата.
На местото на настанот, како што информираа од општина Кисела Вода, бил градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и отецот Оливер од хуманитарната организација “Св. Спас”.
– ОВА Е ТРАОРНА СИТУАЦИЈА, ТАЖНА И МНОГУ ПОТРЕСНА. ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД, СИТЕ ХУМАНИ СИЛИ ЌЕ ГИ НАСОЧИМЕ КОН ПОМОШ НА МОЈОТ СОГРАЃАНИН ТОНИ АТАНАСОВСКИ. ПОВТОРНО ЌЕ ГО ИЗГРАДИМЕ НЕГОВИОТ ДОМ. ЈА РАЗБИРАМ НЕГОВАТА БОЛКА И ЗАТОА ЗАПОЧНУВАМЕ ЗАЕДНИЧКА ИНИЦИЈАТИВА СО ОТЕЦ ОЛИВЕР, A ВОЕДНО ГИ ПОВИКУВАМЕ И СИТЕ ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ КОМПАНИИ И ФИРМИ ОД КИСЕЛА ВОДА ДА СЕ ВКЛУЧАТ И ДА ПОМОГНАТ, ЗА ОВОЈ НАШ СОГРАЃАНИН ДА НЕ ЈА ПОЧУВСТВУВА ПРАЗНИНАТА ЗА ОВИЕ ПРАЗНИЦИ, ТУКУ ДА МУ ПОМОГНЕМЕ И ДА ГО НАПРАВИМЕ СРЕЌЕН, ИЗЈАВИЛ ЃОРЃИЕВСКИ.