Семејството на 26 -годишниот Јован бара помош за негово лекување, останат е неподвижен по повреда на работа

|

Семејството на 26-годишниот Јован Ивев, бара помош за негово лекување. Тој е повреден при работа во Холандија и во моментов е неподвижен. Во продолжение го пренесуваме апелот за помош од неговата мајка.

Драги пријатели, познаници, уште еднаш ве замолувам и барам помош за мојот син Јован Ивев кој има 26 години. На 23.09.2019 година како возач на камион имаше несреќа при истовар на роба во Ротердам, Холандија.

При истовар врз него се паднати метални цевки од околу 2500 кг. Металните цевки му ги нагмечиле главата, градниот кош, абдоменот, карлицата и нозете.

Отстранувањето на цевките траело долго при што тој е останат без кислород и реакција на срцето. По пристигнување на брзата помош тој е реанимиран и после неколку минути вратен во живот.

Во болницата во Холандија е лекуван 3 месеци по што е испратен во Македонија за понатамошно лекување.

Поставена му е дијагноза Dg Paraplegija i Tetraplegija. Претходно се собрани парични средства за лекување во Поликлиника Неуромедик Ниш, Србија, и е со доста подобрување.

За понатамошно лекување во моментов ни се потребни средства од 100.000 евра за алтернативно лекување, односно роботска неурорехабилитација, пресадување на матични клетки, вградување на епидурален апарат на ‘рбет и рехабилитација за негово закрепнување во Поликлиника ОРТО-МД Нови Сад, Србија.

Во моментов тој е неподвижен, ве замолувам за помош за тој да се исправи на нозе.

Сметка за донација 250014000660205 Sparcasse Banka, Јован Ивев

Сметка за донација од странство

Acc. No 02-307-06574978, IBAN MK07300307065749778

SWIFT KOBSMK2X

Sneza Iveva, Број за донација 143 131 за корисниците на Македонски Телеком. ( Со повик ). Број за донација 143 479 за корисниците на А1. ( Со повик).

Ви благодарам.