Семејството пред се: Снежана Лупевска Созен во топла семејна празнична атмосфера (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Традиционално со доаѓањето на новата година сите испраќаат честитки и желби за здравје, среќа и бериќет до своите најблиски, а исклучок не се ниту јавните личности, кои пак напротив, имаат поголема одговорност кон своите фанови и поддржувачи.

Ова се празници кои го поврзуваат семејството со љубов во мир и слога, и за многумина овој празничен период е најубавиот период во годината.

Новата година сите ја прославија различно, некој во домашна атмосфера, некој во ресторан или кафуле, а трети пак во диско клубовите, но за Божиќ сите се дома. Не за џабе старите рекле „Пред Божиќ, зад Божиќ кај и да си, дома да си!“.

Социјалните мрежи се најпопуларни во последниве години, па така јавните личности многу лесно можат да им испратат честитка на своите фанови, да прикажат некој прекрасен семеен момент или пак да ги откријат своите желби за оваа нова година.

Македонската новинарка и водителка на емисијата „Код“ Снежена Лупевска Созен преку прекрасна топла семејна фотографија, заедно со нејзиниот син и сопругот ја честиташе новата година и ја пренесе празничната еуфорија од својот дом.

„Среќна и бериќетна 2019“, напиша Снежена на „Фејсбук“, а под фотографијата се нижеа коментари од нејзините пријатели кои и посакаа убава и среќна година.

Автор: Н.Ј.